Утре на Европските игри настапуваат преостанатите македонски борачи во слободен стил: Бобан Данов, Јасин Реџелари и Халил Зубаиров.
Бобан Данов можеби го доби најтешкиот противник, Гени Петриашвили од Грузија. Во наредното коло би се борел против победникот Чину од Велика Британија и Хостијанивски од Украина (почеток во 8:17 часот).
„Жребката ми е катастрофа“, е првиот коментар на Бобан Данов, но тој вели: „Машки ќе се изборам со Грузиецот, кој е трет и на Светското и на Европското првенство. Во групата се уште и Русинот и Украинецот. Ќе дадам се од себе“.
Јасин Реџелари ќе се бори против Криштоф Биенковски од Полска , ако победи во наредната борба ќе се сретне со Велков (Бугарија) или Јурциус (Естонија). Тој на душекот ќе се појавио во 7:28 часот по македонско време.
„Ќе дадам од себе за да направам што подобар резултат“, изјави Јасин Реџелари пред утрешната борба.
Халил Зубаиров ќе се бори против Радослав Марцинкиевич од Полска, а во наредното коло противникот ќе го добие од дуелот Ксемидис од Грција или Буева од Франција. Со две победи во полуфиналето ќе го чека најдобриот светски борач во оваа категорија Садулаев, кој, за наша среќа, има негативен биланс со нашиот Зубаиров 3-0 (почеток во 8:10 часот).
Од таборот на нашиот борач најавуваат дека Зубаиров ќе се вклучи во борбата за медал, иако распоредот му е тежок, но и хендикипиран што покрај душекот нема да го води тренерот Гајдар Гајдаров, иако така беше договорено вчера.
ipon.mk/В.Д.