Тројца репрезентативци ќе настапат на Светското кик бокс првенство во Анталија

Утре кик бокс репрезентацијата на Македонија со тројца натпреварувачи патува на Светското сениорско првенство во Анталија,Турција, кое ќе трае до 1 декември.

Боите на Македонија ќе ги бранат Димитар Ѓоргиев (-84 кг), Климент Гроздановски (-89 кг) и Стефан Михајловски (+94 кг) во кик лајт.

На СП што се одржа во октомври во Сараево, Босна и Херцеговина, во три дисциплините лајт контакт, лоу кик и К-1, за жал, не освоивме медал од 22 до 27 октомври.

Димитар Димитар Ѓоргиев се враќа во дисциплината во која е повеќекратен светски првак, така што ова е голема шанса за медал. Секоја победа на Гроздановски и Михајловски ќе биде успех.

На Светското првенство во дисцплините кик лајт, поинт фајт, фул контакт и музички форми ќе настапат 737 натпреварувачи од 66 држави.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО