Утре кик бокс репрезентацијата на Македонија со тројца натпреварувачи патува на Светското сениорско првенство во Анталија,Турција, кое ќе трае до 1 декември.
Боите на Македонија ќе ги бранат Димитар Ѓоргиев (-84 кг), Климент Гроздановски (-89 кг) и Стефан Михајловски (+94 кг) во кик лајт.
На СП што се одржа во октомври во Сараево, Босна и Херцеговина, во три дисциплините лајт контакт, лоу кик и К-1, за жал, не освоивме медал од 22 до 27 октомври.
Димитар Димитар Ѓоргиев се враќа во дисциплината во која е повеќекратен светски првак, така што ова е голема шанса за медал. Секоја победа на Гроздановски и Михајловски ќе биде успех.
На Светското првенство во дисцплините кик лајт, поинт фајт, фул контакт и музички форми ќе настапат 737 натпреварувачи од 66 држави.