Тројката на Металург Исмаил, Спасеновски и Петков се адаптира во Гвадалахара

Тројката на Металург Азис Исмаил, Давид Петков и Петар Спасеновски под водство на тренерот Кире Ѓоргиевски пристигнаа во Гвадалахара, Шпанија, каде што викендов ќе настапат на Карате 1 лигата – А Серија.

Металурзите велат дека се подготвени и дека ќе го дадат максимумот за собирање на поени за Олмписките игри во Токио 2020. Само кај Спасеновски се чувствува замор од патувањето, бидејќи помина од авион во авион. Тој настапи на Европското првенство за кадети, јуниори и јуниори до 21 година во Сочи – Русија.

Во Гвадалахара ќе учествуваат 1354 спортисти од 82 држави. Турнирот е само за сениори/ки во кати и борби во поединечна конкуренција. Секој остварен пласман до деветтото место и евентуално освоен медал, ќе значи и подобрување на рејтинг листата на ВКФ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON