Тројца воксери од Демократска Република Конго „исчезнаа“ откако настапија на Светското првенство кое до минатата недела се одржуваше во Белград.
Боксерската федерација на ДР Конго во Белград допатува со пет боксери, но тројца од нив не се појавија на летот за Киншаса.
Луната Нкоси, Кајала Енгулу и Мбембеле Нзола го пропуштија летот поради задолжителниот тест на коронавирус, а новиот им беше закажан за неделава, но повторно не се појавија на белградскиот аеродром Никола Тесла.
Никој не знае каде се, а за целиот случај е известена и Светската аматерска боксерска федерација (АИБА), додека српската полиција покрена истрага по тројцата боксери.
„Исчезнаа, се наоѓаат во бегство“, објави турската новинска агенција Анадолу.
Après avoir participé au championnat du Monde de Boxe trois boxeurs congolais ont pris la fuite à Belgrade en Serbie, depuis le dimanche 07 novembre.
Il s'agit : Lunata Nkosi, Kayala Engulu et Mpembele Nzola. pic.twitter.com/T3QYqIMwOw
— Le retour de Boxe Anglaise News (@RetourNews) November 9, 2021