На Златната младинска ракавица во Белград Македонија ќе има тројца боксери во финалето откако Хадис Шхебаи денеска извојува победа во полуфиналето против Филип Божовиќ од Црна Гора во категоријата до 54 килограми.
Во финалето ќе се сретне со вториот наш боксер Леонардо Лимај кој имаше директен пласман, бидејќи се тројца боксери во категоријата.
Во финалето ќе настапи Енис Алиу во категоријата до 60 кг против победникот од Страхиња Мосорински – Павле Милосављевиќ и двајцата од Србија.