Утре во Сплит ќе се одржи првиот „Трофеј Марјан“ на кој ќе настпат тројца боксери од Македонија.
На Трофеј Марјан ќе настапат Лиси Хоџаџику, Ери Хани и Ружди Рустемовски, предводени од претседателот на Боксерската федерација на Македонија Фатон Салиху.
Познати се сите парови на 1. Меѓународен боксерски „Трофеј Марјан“, организиран од боксерскиот клуб Торцида Сплит.
На програмата ќе бидат 11 натпревари (2 јуниори и 9 сениори).
Трофеј Марјан:
Помлади синиори
-86 кг Јосип Токиќ (Хрватска) – Лиси Хоџаџику (Македонија)
-86 кг Шиме Черина (Хрватска) – Ери Хани (Македонија)
Сениори
-60 кг Матеј Зебиќ (Хрватска) – Ингалинера Франческо (Италија)
-63,5 кг Анте Зебиќ (Хрватска) – Ружди Рустемовски (Македонија)
-63,5 кг Марин Јелачиќ (Хрватска) – Томазо Спампинато (Италија)
-71 кг Реина Доменико (Италија) – Илија Лишчук (Словенија)
-75 кг Иван Вукасовиќ (Хрватска) – Џузепе Рубино (Италија)
-86 кг Иван Рајчиќ (Хрватска) – Марко Косија (Италија)
-86 кг Јосип Перковиќ (Хрватска) – Ранучи Давиде (Италија)
+92 кг Илија Чубиќ (Хрватска) – Џелон Јанузај (Словенија)
+92 кг Јосип Жижиќ (Хрватска) – Џорџо Манукучи (Италија)