Вчера во Блеград се одржа Европско АДЦЦ првенство на кое настапија 12 натпреварувачи од најуспешниот македонски клуб во бразилско џиу џицу Д’ Стронгест и се закитија со 8 златни, 1 сребрен и 4 бронзени медали.
Златни медали освоија Антонио Трајковски, Томи Блажевски, Иван Сапунџиев и Алек Костов во детска конкуренција, а во јуниорска Даниела Алексовска која ја победи светската АДЦЦ вицешампионка, и Марко Трајановски.
Во сениорска категорија на главниот настан кој беше пренесуван во живо на Аребна фајт извојуваа победи и се закитија со злато Даниела Алексовска и Стефан Пецевски.
Покрај нив сребро освои Лука Стојановски, а бронзени медали земаа Леонид Димовски, Горазд Василевски, Стефан Митров и Петра Џатевски.
„Д Стронгест” освои 2 пехари за трето место во детска и во сениорска категорија.
Тимот составен од тренерите Алексовски Ивица и Стефан Пецевски и единствениот македонски натпреварувач, Даниела Алексовска патува за Узбекистан, каде што ќе биде дел од Светското ИММАФ првенство.
Даниела вчера освои два златни медали (2 х европски АДЦЦ шампион), а од среда ќе биде во категорија на светската ММА елита.
„Се надеваме дека и од ова светско првенство ќе се вратиме со медал“, велат од Д’Стронгест.