Вчера на Mеѓународниот џудо турнир „Сакура“ во Kатерини, Грција, џудистите од ЏК Миоки освоија 6 медали, а имаа дури пет финалиња.
Берна Шерифовска, Еди Шерифовски и Хамза Јашари освоија златне медали, Христина Дескова и Марија Кузмановска сребрени, а Петар Давчев бронзен.
Петар Давчев (21 кг, деца) имаше две победи и два порази, додека Марија Кузмановска (-30 кг, полетарки) со две победи и еден пораз.
Кај пионерите Еди Шерифовски (-66 кг) и Хамза Јашари (-60 кг) се со по четири победи. Христина Дескова (-57 кг) со две победи и еден пораз, додека Берна Шерифовска (-57 кг) во кадетска конкуренција до златниот медал стигна со четири ефективни победи, од кои три уште во првата минута од борбите.
ipon.mk/В.Д.