Три златни и еден сребрен медал за КБК Горила на „Трофеј на Заечар“! (ФОТО)

Ile Risteski so medalite vo Zaecar

На меѓународниот кик бокс турнир „Трофеј на Заечар“ во Србија, кикбоксерите на КБК Горила од Скопје освоија три златни и еден сребрен медал, а Душан Чимев го доби признанието за најдобар странски натпреварувач.

Во главните борби нашите натпреварувачи Дејан Здравковски (-71) се сретна со Филип Стефановиќ од КБК „028“, Деајн Станковски-Младен Китиќ-Китиќ -75 кг, Душан Чимев-Петар Бошковиќ-Ниш -81 кг и Филип Силјановски-Новак Радуловиќ-Ниш -75 кг, сите во сениорска конкуренција. Силјановски беше поразен од Радуловиќ, а останатите славеа.

Ile Risteski i druzinata Trofej Zaecar

Тренерот Иле Ристески вели: „Реков дека се моја гордост и иднина. Го послушаа секој мој збор и сугестија. Горд сум на моите пулени“.

Ipon.mk/В. Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON