Три злата за најмладите борачи на Балканец во Петрич

Balkanec deca

Пионерите и кадетите на Балканец повторно оставија одличен впечаток во Петрич, Бугарија, освојувајќи три златни медали на традиционалниот меѓународен турнир во борење за пионери и кадети,во чест на светски познатиот борач, Серафим Брзаков.

И тој остана задоволен од борачите на Балканец.

Штипските борачи по традиција постигнуваат успеси на овој турнир, освојувајќи три први места- Филип Тасев, во пионерска, а во кадетска Мартин Стојанов и Давид Мишев, кој беше прогласен и за најдобар странски борач. Петар Тодев, Ико Гичев и Благој Тасев беа петти во своите категории.

Тренери на штипските борачи беа Гордан Николов и Горан Стојанов.

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON