Двајца македонски боксери освоија златни медали и едно сребро со златен сјај на Меѓународниот турнир „Лах Нимани“ во Приштина, Косово. Петар Арсовски е прогласен за најдобар странски боксер.
Златни медали освоија Петар Арсовски, Ален и Ружди Рустемови.
54 кг Петар Арсовски – Филип Божовиќ (Црна Гора) 2-0
57 кг Ален Рустемов – Димо Тонев (Бугарија) 2-0
60 кг Ружди Рустемов – Дион Конушевци (Косово) 1-2
Петар имаше чист технички меч. Ален Рустмов боксираше против тежок противник, Димо Тонев двапати вицепрвак на Бугарија. Така, тој прикажа најдобар бокс.
Ружди Рустемов имаше полуфинален меч, при што победи доминантно, а во финалето се престатви во сјајно светло, иако според судиите загуби. Од нашиот табор велат дека тој е победник, бидејќи избоксирал како што треба.