Боречкиот клуб „7 Мај“ на Меѓународниот турнир во Качаник, Косово, освои 5 медали – 3 златни и 2 сребрени, а настапи со 5 борачки.
Барбара Стојкоска е прогласена за најдобра странска борачка на турнирот.
Медалите ги освоија:
-Ангела Трајкоска – златен, категорија до 38 килограми, со две победи;
-Марија Велјаноска – сребрен, категорија до 38 килограми, со една победа.
-Елена Дејкоска – златен, на категорија до 46 килограми, со две победи без да и освојат поен противничките.
-Тамара Цветкоска – сребрен, до 57 килограми со 3 побеи, иако е пионерка и има само 13 години се рамни со ривалките кадетки, каде и што се натпреваруваше;
-Барбара Стојкоска – златен, категорија до 65 килограми за кадетки, со две победи и е прогласена за најдобра странскаи борачка на турнирот.
Тренерите Теодор Темелковски и Стојанче Тушески изразуваат задовослтво од настапот и наметнувањето на младите борачки.