Три злата и две бронзи за БЏЏ репрезентативците на „Мастер БЏЏ опен – Белград 2019“

Македонските репрезентативци на престижниот Меѓународен БЏЏ турнир „Мастер БЏЏ опен – Белград 2019“ имаа учинок 4 од 5 настапија, односно четирмина натпреварувачи освоија пет медали – 3 златни и 2 бронзени, а Ева Илиевска со две злата е најуспешна.

Репрезенттаивците од „Д-Стронгест & Рутс БЏЏ“ настапија во категоријата на возрасни натпреварувачи и во вкупниот пласман се четврти со 29 поени, односно 11 победи и 2 порази и 5 медали – 3 златни  и 2 бронзени.

Ева Илиевска со 5 победи успеа да освои 2 златни медали.

Ненад Мрчковски, на кого ова му беше прв меѓународен турнир, успеа да се закити со златен медал во катергорија- 70 кг мажи бели појаси, додека во апсолутна категорија го освои 3-то место.

Михаил Поповиќ го освои третото место во категорија -70 мажи плави појаси, додека во апсолутната категорија загуби во полуфинале и во борбата за 3-то место.

Вања Милевски не успеа да освои медал, загуби во полуфинале, а потоа не се бореше за 3-то место поради здравствени проблеми.

Селекторот Ивица Алексовски е задоволен од постигнатиот успех.

Ipon.mk

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON