На „Енпи купот“ во Суботица, Србија, Карате клубот Јошитака од Скопје освои 4 златни и три сребрени медали.
Дарин Омерагиќ освои четири златни медали, два во кати за 3 и 4 ниво и два во борби-тешка и апсолутна категорија. Едвин Омерагиќ собра две сребра во теша и апсолутна категорија, а Матео Причков второ место во кадетска конкуренција. Поради ова дарин е прогласен за најуспешен каратист на турнирот, за што доби и пехар.
На овој меѓународен турнир настапија 1.620 натперварувачи од 15 земји.
Ipon.mk/В. Д.