Таеквондистите на „Петровец“ се враќаат со три сребрени медали од Меѓународниот таеквондо турнир во Белград, Србија, „Лола опен 2015“.
Никола Допевски е втор во конкуренција на пионери (9-11 години) во категоријата А-33 кг, како и кадетите Дамјан Сандев (Б-49) и Ива Сандева (Б-41).
На турнирот настапија 142 натпреварувачи од четири земји од 24 клуба.
ipon.mk/В.Д.