Тројца македонски репрезентативци се закитија со медали на Светскиот куп од Г1 ранг на „Топ Тирана опен“. Освоени се две сребра и една бронза.
Со медали се закитија:
Христијан Симоновски (ТК Младост) сребрен медал, јуниори – со три победи над Грција, Италија, Грција;
Ведрана Тунески (ТК Бутел) сребрен медал, кадети – со четири победи над натпреварувачи од Грција, Србија, Албанија и Италија;
Теодор Стојановски (ТК Бутел) бронзен медал, кадети – со две победи над двајца натпреварувачи од Грција.
„Македонското таеквондо останува најсилниот олимписки спорт во остварување на врвни спортски релевантни резултати од силни официјални Г натпревари.
Генерации што ветуваат нова државна спортска историја“, истакнуваат од Македонската таеквондо федерација!