Европското првенство во карате за кадети, јуниори и јуниори до 21 година од 17 до 19 февруари во Софија, Бугарија, што е нов предизвик за нашите каратисти, бидејќи на претходното првенство освоивме шест медали – еден сребрен – Абдурахим Идризи во кати и пет бронзени – Азиз Исмаил, Петар Спасеновски, Моника Пендароска и Столе Смилковски во борби и женскиот ката тим (Маријана и Мишела Димоски и Киријана Камческа).
Овој успех беше оценет како историски постигнат во конкуренција на 940 натпреварувачи од 48 држави.
Она што загрижува е молкот од КФМ и тренерите на репрезентациите за кадети и јуниори и јуниори до 21 година, бидејќи јавно не го обелоденуваат списокот на репрезентативците кои ќе патуваат во Софија, ниту, пак, како ќе се подготвуваат.
Ipon.mk ја објави прелиминраната листа по категории на каратистите, но тоа не значи ништо додека Извршниот одбор не даде одобрување, иако имало натегања околу рангирањето по Гранд при Кроација и биле направени повеќе промени.
Од друга страна, на Собранието на КФМ само беа кажани желбите за 2-3 медала и дека има програма, не само за подготовките, туку и за целата година, ама програмата никој не може да ја види.
Се уште е нејасна работата и со настапот во кати, односно дали ланскиот состав ќе го брани бронзениот медал, затоа што Мишела и Маријана заминаа со родителите и тренерски тандем во кати Златко и Елизабета Димокси да живеаат во Австралија. Не е познато дали в.д. тренерот за кати има одврзани раце за се. На пример, немаме машки тим во кати, а има поединци од неколку клуба кои може да функционираат добро како екипа и да и донесат медал на Македонија. Релацијата Скопје-Велес не е многу голема.
Се надеваме дека ќе добиеме и официјални информации и дека нема да ги игнорираат поставените прашања и вака јавно и писмено пратени.
Ipon.mk/В.Д.