Вчера Џудо клубот Сеишин на Меѓународниот турнир „Адем Јашари“ за кадети и сениори во Приштина –Косово освои три медали – по еден златен, сребрен и бронзен медал.
Прилепскиот клуб настапи со 3 натпреварувачи во сениорска конкуренција и сите тројца освоија медали.
Мартин Тодорчески (-66 кг) освои златен медал, Христијан Ѓураков (-81 кг) сребрен и Мартин Јаковлески (-73 кг) бронзен.
На овој турнир учество зедоа клубови од Косово, Македонија, Црна Гора, Хрватска и Албанија.
Сеишин продолжува со подготовките за Државното екипно првенство за сениори и сениорки кое треба да се одржи во средината на овој месец.
Ipon.mk/В.Д.