АктуелноДомашна сценаКарате
Македонија со три каратистки на Медитеранското првенство во Шпанија

Македонија ќе настапи со три каратисти на Медитеранското првенство што ќе се одржи во Гвадалхара, Шпанија, од 12 до 14 септември.
Балканските шампионки од 2025 година во кати Владанка Аврамова, Тамара Ристовска и Данка Стојкова ќе ги бранат боите на Македонија како ката тим, но и во поединечна конкуренција..
Медитеранско првенство настапи:
Владанка Аврамова – игри на плажа над 16 години, поединечно кати и ката тим
Тамара Ристовска – поединечно кати, јуниори и ката тим
Данка Стојкова – игри на плажа над 16 години, поединечно кати и ката тим
На Медитеранското првенство ќе настапат 581 каратист со 648 натпреварувачки влезови од 16 држави.



