Пред неколку дена беше позната пресудата на рускиот ММА борец Максим Штербаков. Судот Камовники во Москва го осуди Штербаков на 3 години затвор. Властите во Русија прво го осудија Штербаков на две години затвор, но потоа се премислија.
Андреј Алешкин, кој е адвокат на Максим, рече дека пред една година Штербаков видел двајца мажи како малтретираат девојки во продавница. Тој им забележал на тоа, а тие му предложиле да излезат и да го решат проблемот.
Штербаков ги удрил со тупаници, при што еден од мажите бил повреден со повреди на меките ткива, а другиот со скршеница на вилицата. Според адвокатот, жртвите не биле испрашувани за време на судењето, туку биле прочитани само нивните писмени изјави.
Девојките зардаи кои настана инцидентот, исто така не беа повикани од судот. Штербаков најверојатно ќе размисли во иднина пред да побрза да им помогне на своите сограѓани. Максим има скор 5 победи и 4 порази во кариерата.