Кик бокс клубот Горила од Скопје се избори за три финалиња и едно полуфинале за утре на Меѓународниот куп „Балкан бест фајтерс“ во Ниш, Србија.
За златен медал ќе се борат Мите Ашкилов 81 кг во К-1, Душан Чимев 81 кг во лоу кик и Филип Соколовиќ 69 кг кик лајт.
Филип Сливјановски 75 кг во лоу кик утре се бори за бронзен медал.
Ipon.mk/В.Д.