Тројца македонски кикбоксери ќе се борат за златниот медал на Европското првенство за кадети и јуниори во Скопје. Тоа се Азрет Зекири во лајт контакт, а Стефан Крстев и Марко Тодоров во лоу кик.
Во категоријата до 89 кг Азрет Зекири во полуфиналето го солвада Азис Мудров од Хрватска со 3-0, Стефан Крстев (-48 кг) беше подобар од Јакуб Кобус (Полска) и славеше со 2-1, додека Марко Тодоров избори директен пласман во финалето.
Нашите репрезентативци во полуфиналните борби претрпеа седум порази и три порази во четвртфиналето.
Па така Македонија освои седум бронзени медали и тоа: Никола Нацев, Ивица Цветковски, Стојанов Благојче, Ненад Пантиќ, Бобан Јосифов, Витанов Витанче и Викторија Варадинова.
Финални борби за златен медал на македонските репрезентативци:
-94 кг Азрет Зекири – Владимир Брочета (Србија) – лајт контакт, јуниори
-48 кг Стефан Крстев – Шамил Адухов (Русија) – лоу кик, кадети
-54 кг Марко Тодоров – Ердал Караташ (Турција) – лоу кик, кадети.
Резултати
Лајт контакт
+69 кг Никола Нацев – Алесандро Каркано (Италија) 3-0
+69 кг Никола Нацев – Хуберт Кудра (Послка) 1-2 во полуфинале
јуниори
-74 кг Славче Арсов – Арбер Хусај (Косово) 3-0
-74 кг Славче Арсов – Криштоф Степанијак (Полска) 0-3 ¼ финале
-79 кг Никола Бубевски – Балаш Тар (Унгарија) 0-3 ¼ финале
-84 кг Ивица Цветковски –Виктор Вигвари (Унг) 0-3 во полуфинале
-89 кг Стојанов Благојче – Владимир Брочета (Србија) 0-3 полуфинале
-89 кг Азрет Зекири – Азис Мудров (Хрватска) 3-0 полуфинале
финале Азрет Зекири – Владимир Брочета (Србија)
-94 кг Ненад Пантиќ и Михал Адамек (Полска) 0-3 полуфинале
+94 кг Бобан Јосифов – Адам Панек (Чешка) 0-3 полуфинале
лоу кик
-48 кг Стефан Крстев – Јакуб Кобус (Полска) 2-1 полуфинале
финале Стефан Крстев – Шамил Адухов (Русија)
-54 кг Марко Тодоров – Ердал Караташ (Турција) – финале
-63,3 кг Кристијан Шоповски – Стефан Цветковиќ (Србија) 0-3 ¼ финале
+81 кг Витанов Витанче – Тарас Баштан (Русија) 0-3 полуфинале
јуниори
-60 кг Викторија Варадинова – Ема Бајриќ (Босна и Херцеговина) 0-3 полуфинале
Ipon.mk/В.Д.