Три бронзи за македонските каратисти на Младинскиот куп во Умаг!

умаг

Македонските каратисти освоија три бронзени медали на Младинскиот куп во Умаг, Хрватска, организиран од Светската карате федерација. Медалите ги освоија Вјолца Гафури, Фаик Весели и Абдурахим Идирзи.

Vjolca Gafuri vo Umag

Вјолца од КК Фати во категоријата до 54 килограми во борбата за бронзениот медал ја совлада Аја Вукоја од Хрватска со 1-0, додека Фаик Весели (Олимпик спорт) и Абдурахим Идризи (Форца) во категоријата до 52 килограми за кадети можеше да се сретнат само во финалето. Откако отпадна таа можност, тие во борбата за третото место славеа со судиско изјаснување над Давиде Рапарини од Италија (2-2), Фахик и Идризи против Леонардо Кораќ од Босна и Херцеговина (0-0).

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON