На Меѓународен турнир за деца кадети и младинци во Велико Трново, Бугарија, борачите на Бучим-Радовиш освоија три бронзени медали. Бонзени медали освоија: Герче Батевски во категоријата до 60 кг во младинска конкуренција, Ѓорги Божинов (50 кг) и Герче Димов (53 кг), а кадетот Фиданчо Јоавнов е петти.
Екипата на Бучим-Радовиш во Бугарија отпатува со седум борачи: Спасе и Бојан Арсов, Мартин Костадинов, Фиданчо Јованов, Герче Димов, Ѓорги Божинов и Герче Батески, предводени од Тренерот Горан Костадинов.
Додека борачите Николче Петров и Иван Јанев се на подготовки во Боречкиот центар „Белмекен“ во Бугарија.
ipon.mk/В.Д.