Женскиот ката тим на Македонија го освои бронзениот медал на Европското првенство за кадети, јуниори и јуниори до 21 година.
Нашиот тим во состав Маријана и Мишела Димоски и Киријана Камеческа во првото коло беше подобар од тимот на Германија и го победи со 3-2, а во наредното коло со 4-1 славеше над Русија. Во клучниот меч за влез во финалето Шпанките славеа минимално со 3-2.
Во борбата за бронзениот медал е совладана репрезентацијата на Белорусија 3-2.
Во номеври, на Светсакото првенство за кадети, јуниори и У-21 во Џакарта-Индонезија, нашиот ката тим го освои сребрениот медал.
Ipon.mk/В.Д.