Страјкинг тренерот на Конор Мек Грегор – Овен Роуди, потврди дека Ирецот е многу близу до потпишување на договор со неговиот несуден противник Хабиб Нурмагомедов.
„Конор е мотивиран, тренира, сака да се врати во октагонот и да се бори“, рече Роуди и додаде:
„Пред да се договори за новиот договор, Мек Грегор мора да реши работи кои не се поврзани со спортот. Конор има потреба од најголеми борби. Нурмагомедов е многу добар за него, натпреварот е близу, преговорите се во тек“.
.