Првакот на УФЦ во перо категорија Александар Волкановски неодамна се обиде да го освои вториот појас во најголемата светска ММА организација.
Австралиецот со македонско потекло на настанот УФЦ 284 во Перт загуби во мечот за титулата во лесна категорија против шампионот Ислам Махачев.
Дагестанецот со едногласна одлука на судиите го совлада Алекс и со тоа стигна до 24 победа во кариерата и 12-та во низа.
А Махачев тешко стигна до триумфот, тоа беше прва борба во кариерата што ја водеше во пет рунди.
Волкановски на дагестанскиот борец му го приреди најтешкиот меч во кариерата и без разлика на поразот остана прв на ранг-листата „П4П“.
За многумина Ислам Махачев е многу опасен и суперсилен борец. Алекс покажа дека не е баш така, по третата рунда го прашав дали е силен, а тој ми одговори: „Не, воопшто не е силен“. После тоа му реков да го сруши“, рече тренерот на Александар Џо Лопез и додаде:
„Во текот на борбатај многупати го држеше Алекс, но Махачев не е супер силен како што велат сите. Но, Алекс е токму таков борец и секој противник што ќе го фати го знае тоа. Тој меч го гледавме неколку пати и верувам дека Алекс беше подобар и во втората рунда. Не беше соборен, само се лизна“.