Малик Скот, тренерот на Дионтеј Вајлдер, не му верува на ниту еден збор што излегува од устата на Тајсон Фјури.
Вајлдер по трет пат требаше да се бори со Фјури на 24 јули во Лас Вегас, но вчера Англичанецот неочекувано рече дека е болен од Ковид-19 и нивната средба беше одложена за октомври.
Фјури и Вајлдер немаат борба од нивниот реванш во февруари 2020 година, кога Фјури го нокаутира во седмата рунда и ја освои титулата на ВБЦ.
Според достапните информации, Фјури не бил целосно вакциниран – ја примил само првата инјекција, но не и втората.
Сепак, Скот не верува во ништо што слуша од „Кралот на Ромите“, повикувајќи се на изјавите на Фјури од 2019 година, кога тврдеше дека Конор Мек Грегор е негов добар пријател и го подготвува за деби во ММА. Конор тогаш целосно ги негираше тврдењањата.
Затоа Скот е многу внимателен во однос на секоја ситуација со Англичанецот.
„Зборуваме за борец кој не верува во ништо што ќе каже“, рече Скот.
Зборуваме за борец кој вели дека бил пријател со Конор Мек Грегор, а Мек Грегор рече дека воопшто не го познава“.