Тренерот на Вајлдер: Фјури има големина, но Усик е фаворит

Боксерскиот тренер Малик Скот верува дека Дионтеј Вајлдер може да ја искористи борбата против Жилеј Жанг како подготовка за потенцијален судир против Александар Усик.

А за подобро да го подготви Бронзениот бомбардер за претстојниот судир против Кинезот на настанот на 1 јуни во Саудиска Арабија, Скот откри како тие вовеле промена во подготвителниот камп.

„Се вративме таму каде што тренираше како дете, во салата каде што се лупат ѕидовите и паѓаат плакатите. Ние сме таму секој ден и се надеваме дека тоа ќе го врати оној насилнички менталитет што го имаше пред да стане светски шампион. Тоа е многу важна борба и треба да се испрати порака“, изјави тренерот на Вајлдер.

Борбата за апсолутен шампион во тешка категорија меѓу Мајк Тајсон и Александар Усик ќе се следи со посебен интерес на 18 мај.

Познатиот тренер откри што Фјури би можел да искористи во своја полза на пресметката против Усик, но смета дека и Украинецот има свои шанси.

„За мене Усик е фаворит и е поблиску до победа, но Фјури е голем и знае како да ја искористи големината, изјави Малик Скот и додаде:

„Фјури е во подобра форма отколку што мислев дека ќе биде. Не е бавен, има добра сила на удирање и добар боксерски коефициент на интелигенција. Ќе биде добра борба“.

А Вајлдер се бори против Жанг на истиот настан на кој ќе настапи и Филип Хрговиќ против Даниел Дубоа.

Борбата против Кинезот ќе биде можност за Вајлдер со победа да се врати на врвот во тешка категорија и да бара уште една голема борба.

„Вајлдер ладнокрвно би го нокаутирал Усик“, рече Малик Скот, а потоа објасни:

„Тој е помал борец, а Дионтеј се бори доста добро против нив, гледам како брзо би го нокаутирал. Сè што е важно е Дионтеј да остане фокусиран, скромен и одговорен. Сè додека ги следи тие правила, за мене, тој е непобедлив. А кога веќе нема да се придржува до тоа, ќе добива само ќотек. Мечот против Усик е уште една голема потенцијална борба за Вајлдер, како и борбата со Џошуа и Фјури“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON