Тренерот на Тајсон: Тој се пензионира, оставете го

Тренерот на Тајсон Фјури, Шугар Хил Стјуард ги повика медиумите да го остават шампионот да одмори. „Ромскиот крал“ ја одбрани титулата на ВБЦ во тешка категорија откако го нокаутира Дилиен Вајт пред 94.000 гледачи на Вембли. Веднаш по мечот објави дека става крај на кариерата.

Со оглед на честите промени во расположението и фактот дека еднаш се откажа од боксот, веќе неколку недели се шпекулира за иднината на Тајсон. 33-годишниот Британец беше загреан за меч за сите титули до крајот на 2022 година, средба со победникот на Ентони Џошуа – Александар Усик.

Сепак, Стјуард е категоричен дека тоа нема да се случи. Според него, Фјури всушност е во пензија и нема да се врати во рингот.

„Оставете го на мира, тој оди во пензија и сега е на одмор со семејството. Зборував со него утрово, не се предомисли. Се одмора и не ми рече да се спакувам за тренинг камп“, изјави Шугар Хил.

И покрај зборовите на стручњакот, малкумина продолжуваат да веруваат во она што го кажуваат од таборот на Фјури. ВБЦ минатата недела објави дека ќе го притисне шампионот да каже дали ќе ја брани титулата или ќе ја ослободи. Сепак, оттаму нема информации за случајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON