Тренерот на противникот: Давид Крстески е подобар, ама судиите пресудија за Словенецот

Два сребрени и еден бронзен медал освоија натпреварувачите на Таековнодо клубот Хва ранг ИТФ од Лескоец-Охрид на „3 Словенија опен 2017“ во Велење.

Давид Велковски  освои сребрен медал во сапринг-борби за јуниори  до 57 кг, една од најтешките категории.  Давид Крстески освои сребро и бронза. Крстески во стил на најголемите мајстори со 10 години освои два медали, форми за син појас кадети 10-14 години во кокуренција од 26 натпреварувачи го освои вторто место.

„Тој беше оштетен во финалето од домашните судии, додека бугарскиот судија беше за него. Тренерот на словенчкиот натпреварувач изјави дека Давид е многу подобар и треба да победи,  но кога гласа за судиите и нивниот тренер беше видно изненаден и револтиран  од судиската одлука,  иако победи неговиот натпреварувач“, изјави неговиот тренер Марјанчо Лазаревски.

Давид Крстески во спаринг борби кадети  10-14 , -35 кг,  го совои третото место.

„Претходно имаше две борби со натпреварувачи од Бугарија и ги совлада мајсторски во негов стил, додека во полуфиналето со словенечкиот натпреварувач, кој пред една недела загуби од Давид во Добој, го тепаше цело време, но судиите, извадија нерешен резултат. Следеше екстра рунда, и, пак, нерешено. На златен поен, се додека Словенецот не освои поен.  Сите присутни тренери прашуваа што треба да направи Давид за да победи, но тоа е тоа, поради судиските неправди Давид беше оштетен за два златни емдали, а со тоа и пехар за најдобар натперавувач“,категоричен е Лазаревски.

На турнирот настапија  над 350 натпреварувачи од 32 клубови од 11 земји: Македонија, Бугарија, Грција, Србија, Молдавија, Чешка, Хрватска, Велс, Австрија, БиХ и Словенија. На турнирот настапија комплетните репрезентации на Бугарија, Словенија и Грција, што му даде поголемо значење на овај натпревар.

„Неколку денови поминаа во автобус место во салата. Видна беше пристрасноста на судиите,  но, сепак, успеаја да освојат три медали на овој престижен турнир, со што докажаа дека се достојни на целиот  труд што е вложен во нив. Овај натпревар ќе го паметиме по тоа што пристрсноста на судиите беше огромнаи видно беа револтирани многу тренери од многу земји“, тврди Лазаревски.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON