Македонскиот Боксерски клуб Пинк Пантер од Штип во Регионалната боксерска лига ќе го води тренерот Ристо Грбев. Тој веќе подолго време ја подоготвува екипата за првата средба со Војводина-Спартак, а е уверен дека неговите боксери ќе дадат се од себе да ја израдуваат штипската публика и македонската боксерска јавност.
Ристе Грбев (1965 г.) е роден во Штип, а боксерската кариера ја започнува во 1979 година во тогашниот Боксерски клуб Младост на чело со тренерот Петре Чурлиновски. За време на боксерската кариера три пати е првак на Македонија, четири пати е вице шампион и еднаш е трет на Државното првенство на Југославија. Учесник е во тогашната Втора лига на Југославија, како член на БК Младост. Неколку пати е прогласуван за најдобар техничар, најборбен боксер и најдобар боксер на турнирите.
Вие сте тренер на БК Пинк Пантер кој ќе настапува во Регионалната боксерска лига. Кој е „виновникот“ за активирањето во боксот како прв тренер?
-За вклучувањето во БК Пинк Пантер, како прв тренер,највиновни се моите боксери кои ги тренирав во поранешниот клуб, а кои всушност го формираа и основаа клубот Пинк Пантер!
Какво е вашето мислење за ова натпреварување и настапот на Вашиот клуб во Регионлната лига?
-Регионалната боксерска лига е пред се собирање на искуство на меѓународен план и учество на клубовите во едно организирно лигашко екипно натпреварување. Нашиот клуб ќе има можности за надградување и, пред се, отворени врати за преминување во некои од повисоките во моментов по квалитет боксерски клубови.
Што значи ова за боксот во Штип и Македонија?
-Штип отсекогаше бил боксерски град, а 2017 е годината кога во Штип најавуваме боксерска револуција! Во Штип боксот ќе се гледа повеќе од фудбалот! А Република Македонија ќе добие расадник за боксери кои во иднина ќе бидат темел на она што се вика „национален тим“ или боксерска репрезентација.
Конкуренцијата е силна, пред се, се издвојуваат Сесвете и Лозница, но и другите екипи се со традиција и со богато минато, однонсо величини од кои излегле боксери како Марјан Бенеш, Тадија и Слободан Качар итн. Каде е местото на Пинк Пантер меѓу овие екипи и која е предноста на Вашата екипе во однос на другите?
-После толку години стагнација, најголем успех е што Пинк Пантер има чест да се нареди со најистакнатите боксерски имиња од Балканот. Можеби немаме искуство и квалитет како другите, меѓутоа, ветуваме дека достојно ќе се носиме и ќе ги одбраниме боите на клубот.
Што да очекува публиката на првата средба на 5 март во Штип против екипата Спартак/Војводина?
-На 5 март ќе си ги одмериме силите со екипата на БК Војводин-Спартак. Не велиме дека ќе победиме, но даваме збор дека достојно ќе се носиме и ветуваме инзворедна организација и квалитетни борби.
Конкуренцијата е силна, пред се, се издвојуваат Сесвете и Лозница, но и другите екипи се со традиција и со богато минато, однонсо величини од кои излегле боксери како Марјан Бенеш, Тадија и Слободан Качар итн. Каде е местото на Пинк Пантер меѓу овие екипи и која е предноста на Вашата екипе во однос на другите?
-Само работа, ред и дисциплина. Секако и вклучување на помош од системот и државата (која во моментот ја немаме) и упорност и континуитет, така може да се стигне до нивото од минатото, на кое сите ние носталгично гледаме.
Каков бокс преферирате, однонсо кој ви е омилен боксер и дали сте гледале некој голем меч?
-Омилен боксерски стил е квалитетот и техниката. Омилен боксер ми е Мухамед Али,а најдобар меч на кој присутвував е дефинитивно мечот на Аце Русевски со Роко Фраска, борба за евопската титула.
Ipon.mk/В.Д.