Тренерот на Мани Пакијао, Фреди Роуч, е уверен дека Флојд Мејведер нема да се откаже од боксот по средбата на 12 септември со Андре Берто. Богаташот неколку пати најави дека се откажува од професионалниот спорт, откако ја забележа 49 победа на рингот во Лас Вегас.
Според експертот, сепак неговиот пулен има реални шанси за реванш меч догодина. Филипинецот ја загуби светската титула во средна категорија по борбата со Мејведер пред три месеци во „мечот на векот“.
„Средба ќе има. Сигурен сум. Не знам кога, но ќе има. Мејведер нема да ја заврши кариерата со 49 средби. Може да има најмалку 50, особено кога знае дека ќе земе повеќе од 150 милиони евра. Тој е од оние на кои им требаат многу пари и ќе го побара овој меч“, категоричен е Фреди Роуч.
Сепак, така не смета менаџерот на Флојд – Леонард Еларби.
„Ова е човек кој заработил над половина милијарда долари. Тој нема потреба повеќе од боксот. И штом рекол дека завршува, значи, така е“, смета директорот на „Мејведер Промоушнс“.