Диего Лима, кој е тренер на бразилскиот борец Чарлс Оливеира, зборува за веројатната средба на неговиот пулен со Дагестанецот Ислам Махачев.
На почетокот на овој месец, Оливеира се раздели со титулата откако не успеа на мерењето. Чарлс го победи Џастин Гејџи, но неуспехот на вагата не му дозволи да го подигне појаост. Така, титулата останува слободна, но Оливеира 100% ќе се бори за неа во следната битка.
Махачев е меѓу оние кои најмногу ја заслужуваат шансата. Ислам го предизвика Оливеира на борба во октомври во Абу Даби. Лима не се согласи на битка во Абу Даби и посака тоа да се случи во Бразил.
„Мислам дека тоа е можно. Работиме со УФЦ. Но, како тренер на Оливеира, кој дава се од себе за да се грижи за својата кариера, се прашувам зошто не и во Бразил?
Чарлс е шампион. Секој ден пишува историја. Зошто Хабиб вели дека битката со Махачев треба да се случи во Абу Даби?
Не, ние би сакале Чарлс да се бори во Бразил. Дојдете да се борите со нас во Бразил“, изјави Лима за Sportkeeda.
View this post on Instagram