Тренерот на ММА ѕвездата, Конор Мек Грегор, Џон Кавала, се уште не е свесен во која категорија неговиот пулен ќе ја продолжи кариерата.
Во последниот меч Ирецот напарви деби во полусредна категорија и го забележа првиот пораз од 2010 година на наваму. Пред тоа тој беше шампион на УФЦ во перо категорија.
Огромен интерес за средба со него има поранешниот противник на Мек Грегор – Хозе Алдо, кој на 9 јули ќе се бори со Френки Едгар.
„Нема краток одговор на ова прашање. Се надевам Алдо дека е закрепнат по нокаутот од Конор. Ајде да го видиме мечот со Едгар и тогаш ќе процениме дали ќе имаме реванш“, вели Кавала.
https://youtu.be/ETNlJbWOlxs