Светскиот шампион во бразилско џиу џицу, Дилон Денис, е еден од луѓето кои му помагаат на Конор Мек Гргеор да ги подобри своите вештини.
Денис зборува за можноста Конор да се сретне со се уште непоразениот Хабиб Хурмагомедов. Според бразилскиот мајстор, Мек Грегор нема да му даде шанса на Русинот во евентуалната средба.
„Хабиб е премногу лесен за удирање. Ако го погледнете мечот со Мајкал Џонсон, тој секогаш беше удиран кога беа во стоечка позиција. Едноставно, Конор ќе го расцепи, како што го прави тоа со сите други борци. Тој те удира секаде, а освен тоа те клоца и во стомакот. Луѓето не ги гледаат овие удари на телевизија, но овие клоци директно ти избиваат воздухот. Мислам дека Конор ќе го собори за можеби една или две рунди со својот стој“.
Дилон Денис верува дека дури и тој би можел да се справи со Хабиб.
“Неговите раце не се толку добри. Тој е граплер, а во борбен дуел, најверојатно, ќе успеам да го натерам да се предаде. Неговото џиу џицу е добро, но не и многу техничко. Тој е малку тромав, поради што мислам дека ќе можам да завршам со него. Секако, јас не сум глупав. Нема да навлегувам во УФЦ и да се борам со Хабибн во мојот прв меч. Но во даден момент тоа би бил добар дуел за мене. Штом се бори со Конор, тој веќе нема да биде непоразен. За прв пат ќе го видите Хабиб на грб“.