Тренерот Конор Мек Грегор – Џон Каванаг го заштити Хабиб Нурмагомедов и забележа дека Русинот не извршил никакво злосторство по мечот во Лас Вегас. Дагестанецот скокна преку октагонот и почна да се пресметува со дел од персоналот на Ирецот. Нападот беше насочен кон Дилан Данис.
„Се надевам дека Атлетска комисија на државата Невада нема да го казни Хабиб“, рече Каванаг и додаде: „Тука не станува збор само за потенцијален реванш со Конор. На мене едноставно ми се допаѓа како се тепа Нурмагомедов. Можам да ја разберам реакцијата, но не и оваа од неговите соборци.
I just uploaded “JRE MMA Show #44 with John Kavanagh & George Lockhart” to #Vimeo: https://t.co/zT9vIVb2lU
— Joe Rogan (@joerogan) October 9, 2018
Нема да е крај на светот, бидејќи Хабиб скока преку кафезот. Бев до Дилан и не го слушнав каквибило лоши работи да зборува со Хабиб. Сè што се случило на крајот на борбата беше многу глупаво. Нурмагомедов не успеа да го погоди Дилан. Мора да има последици за луѓето од тимот на Хабиб за нападот на Конар“.
.