Тренерот на Конор Мек Грегор – Џон Каванаг го нарече потенцијалниот ривал на својот штитеник – Флојд Мејведер, подол човек. Стручњакот додаде дека нема дури и да му ја стисне раката на Американецот по мечот.
„Дигна многу врева по интервјуто во април кога укажав на историјата на семејното насилство на Мејведер. Не разбирам зошто, беше осуден за претепување жени. Јас немам време за човек со лошо поведение. Освен тоа, во неговата сала владее атмосфера на понижување. Најсилните борци се изживуваат над спаринг партнерите. За мене Мејведер е злобен човек. Никогаш не би контактирал со него“.