Многу луѓе ја потценуваат борбата на Мек Грегор во партер

Шампионот на УФЦ во лесна категорија, Конор Мек Грегор, има репутација на страшен напаѓач во стоење, но откако го победи Чад Мендез на УФЦ 189, беа покренати многу прашања околу неговите можности за борбата во партер.

Мек Грегор кој поседува кафеава појас во џиу џицу под водство на Џон Каванаг, беше соборен во повеќе наврати од моќниот борач Мендез и макар да дојде до искуство да го заклучи или задуши Ирецот, Чад беше во можност да му нанесе многу удари со лакти, што јасно се гледа на лицето на Конор во почетокот на мечот.

Мендез во оваа битка влезе со краткорочно најава за да се бори со Мек Грегор за привремената титула во категоријата откако неговиот главен противник Хозе Алдо се повлече поради повреда. И покрај огромната разлика во стиловите на двајцата борци Конор успеа да извлече победа со технички нокаут во втората рунда.

Нејт Дијаз повторно ја продолжи оваа дебата, кога го доби Ноториус во втората рунда на УФЦ 196. Дијаз успеа да го притисне Конор штом ја почувствува инертноста на дуелот, принудувајќи го шампионот да побара фрустрирачки тејкдаун, по што Нејт успеа лесно да го заклучи вратот на Мек Грегор и да го принуди да се предаде, што го шокираше целиот свет.

И иако прашањата за борбата на Мек Грегор на партер продолжуваат, видеото подолу, е она што нагласува некои од најдобрите моменти на Конор на партер, нешто што повеќето луѓе не го очекуваат кога битката се пренесува на партер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО