Тренерот на карате репрезентацијата Сашко Арсовски: Мои адути се Емил Павлов, Жарко Арсовски и Берат Јакупи!

Тренерот на сениорската карате репрезентација, Сашко Арсовски, пред жребувањето на Европското првенство во Гвадалахара – Шапнија, вели дека е среќен што подготовките во Пехчево завршија успешно и без повреди.

„Благодарност до господинот Кирил Гогов за одличните услови што ни ги обезбеди во Пехчево“, вели Арсовски.

За тоа што може да се очекува на Европското првенство Арсовски истакнува дека кај сите натпреварувачи владее позитивна атмосфера за успех, затоа што сите се максимално подготвени.

„Мои адути се Емил Павлов, Жарко Арсовски и Берат Јакупи“, категоричен е тренерот на репрезентацијата.

Во екипниот дел е направено подмладување со Фаик Весели и Доан Османи, а за ова подмалдување Арсовски вели: „Во екипниот дел направив подмладување според моменталната подготвеност на репрезентативците“.

На Европското првенство за Македонија ќе настапат:

Kати
Пуликсенија Јованоска
Фери Исиќ

Борби жени
Сара Радичевска – 50 кг
Симона Заборска -55 кг
Наташа Стефановска -61 кг
Моника Стефановска -68 кг

Борби мажи
Емил Павлов -60 кг
Фаик Весели -67 кг
Азиз Исмаил -75 кг
Берат јакупи -84 кг
Жарко Арсовски +84 кг

Екипно борби
Жени (Радичевска, Заборска, Наташа и Моника Стефановски)
Мажи (Арсовски, Исмаил, Доан Османи, Весели, Спасеновски)

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON