Тренерот на Канело: Головкин ќе биде иститот, тој не се менува

Чепо Рејонсо, еден од тренерите и менаџер на суперѕвездата Сол Алварез – Канело (49-1-2, 34 КО), е уверен во способноста на тимот да го добијат претстојниот дуел против ИБФ, ИБО, ВБА и ВБЦ шампионот во средна категорија Генади Головкин (37-0-1, 33 К).

Во септември минатата година, двајцата се бореа, но по 12 жестоки рунди борбата заврши нерешено.

Нивната средба е закажана за 5 мај, а салата и местото треба да бидат објавени деновиве.

Чепо не се грижи за Головкин. Го проучувал неговото минато, како и неодамнешни средби, и верува дека е истиот борец. Не очекува ништо од Головкин.

„Головкин ќе биде ист, секогаш и бил. Не мислам дека ќе промени нешто, но сепак ќе бидеме подготвени. Клучно за реваншот ќе биде одличната подготовка на Сол“.

Искусниот тренер вели дека никој не бил особено задоволен од резултатот од минатата средба и ќе се обидат да го нокаутираат Головкин за да не дојде повторно до слична ситуација.

„Никој не беше задоволен од одлуката донесена изминати септември. Ниту навивачите ниту боксерите и нивните тимови. Добро е што реваншот е толку бргу, за да можеме сите да здивнеме“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON