Александар Волкановски минатиот викенд го победи Јаир Родригез и по петти пат ја одбрани титулата на УФЦ во перо категорија.
Ова беше 26-та победа на австралискиот борец со македонско потекло во кариерата, прва по поразот во февруари од Ислам Махачев во меч за титулата во лесна категорија.
Иако по борбата се зборуваше за можна пресметка меѓу Волкановски и Илија Топурија, многумина многу би сакале повторно да го видат шампионот во перо категорија на мечот против Махачев.
И Хавиер Мендез, тренерот на непоразениот Дагестанец, се надева на реванш меѓу Ислам и Александар, а се осврна на мечот меѓу Волкановски и Родригез.
„Тоа беше борба во која Алекс потврди колку е голем борец. Тој се прилагоди на тоа. Правеше работи што вообичаено не ги прави. Виде дека Родригез може да го удри од далечина па ги сврте приказната и почна да се бори. Докажа колку е голем борач, но и колку е интелигентен. Ќе видиме дали веднаш ќе го дадат на Ислам или ќе биде некој друг. Со нетрпение ја очекувам нивната нова борба, тоа би било повторно спектакл“, изјави Хавиер Мендез и додаде:
„Чарлс Оливеира постојано вели дека сака да се бори на крајот на годината, па не е тој што одлучува кога ќе се бори за титулата, тоа ќе го реши УФЦ. Верувам дека Ислам е веќе резервиран за октомври во Абу Даби, но не знам кој ќе биде противникот. Сè уште може да биде Оливеира“.