Тренерот на Ислам Махачев сака борба против Конор Мек Грегор

Тренерот на актуелниот шампион во Ултимејт фајтинг шампионатот (УФЦ) во лесна категорија Ислам Махачев, Хавиер Мендез, на Јутјуб каналот Ред корнер ММА изјави дека би сакал да го види Русинот да се бори со Ирецот Конор Мек Грегор. Во неделата Махачев го победи Американецот Дастин Пориер и ја одбрани титулата на УФЦ во лесна категорија.

Мек Грегор беше првиот борец кој држеше појаси во две тежински категории. Во октомври 2018 година Ирецот загуби од тогашниот шампион во лесна категорија Хабиб Нурмагомедов. Оттогаш Конор е нетолерантен кон Дагестанците, а минатиот викенд го навреди Махачев. Конор го критикуваше Дагестанецот затоа што имал стафилококна инфекција.

„Озлогласениот“ не би имал ништо против шампионска борба против Дагестанецот. Мендез ја сака борбата и верува дека и Хабиб сака да ја види.

„Конор е тип што можете да го мразите или сакате, но сепак сакате да го видите. Сакам да видам како Махачев се бори против него. Она што Конор го прави е привлекување внимание. За мене и за Хабиб нема ништо подобро од тоа да го видат Мек Грегор како се бори против Ислам“, рече Мендез.

Махачев е на првото место во рангирањето на УФЦ без разлика на тежинските категории (П4П). Има 26 победи и еден пораз. Мек Грегор има 22 победи и шест порази. Конор би требало да се врати на крајот на месецот за да се бори со Мајкл Чендлер во Лас Вегас. Махачев веќе изјави дека е подготвен за борба со Ирецот наесен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON