Тренерот на Головкин: Сакам да го покажеме целиот потенцијал

Легендарниот тренер на Генади Головкин, Џонатан Банк, верува дека неговиот борец ќе може да ги вознемири обложувалниците и да го победи Канело Алварез во нивната претстојна борба оваа сабота. Алварез е фаворит за победа во трилогијата.

Нивниот прв меќ го одржаа во 2017 година и заврши со многу контроверзно реми, а вториот беше следната година и заврши со победа на Канело со 2 судиски гласа.

Двете средби се одржаа во средна категорија, додека сега Головкин ќе се искачи во суперсредна категорија, каде што Мексиканецот е неприкосновен шампион.

Банк сака да го подготви Головкин да биде помобилен и повеќе да се потпира на неговата техника, наместо да бара нокаут по секоја цена.

„Сакам Головкин да покаже повеќе квалитети и да не се потпира само на неговата сила“, изјави Банк. „Тој знае дека има силен удар. Сакам луѓето да ја видат неговата брзина, неговото движење и неговата одбрана.

„Тој е целосен борец и се обидувам да го разбудам овој човек. Во неговите аматерски години и на Олимпијадата, боксираше во кругови околу противниците. Така направи против Канело на првиот меч. Тој само боксираше“.

Од 2018 година Головкин е многу понеактивен од Канело со само 4 борби спрема 8 за Мексиканецот. Сепак, Алварез во мечот влегува по само вториот пораз во кариерата. Во мај загуби од Дмитри Бивол во полутешка категорија.

Банк ќе биде среќен Головкин да победи со нокаут, но нема да го бараат по секоја цена.

„Сакам да победи со нокаут, 100%, но не сакам да ни треба нокаут за да победиме. Му реков дека не може да очекува победа ако цело време се враќа назад. Би било одлично ако го земе центарот на рингот и почне да боксира. Потоа ќе видиме што ќе се случи“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON