Тренерот на Генади Головкин – Абел Санчез е убеден дека неговиот боксер ќе го нокаутира Сол Алварез – Канело во долгочекуваниот реванш меѓу двете ѕвезди. Втората борба е на 15 септември, а првата заврши нерешено.
Breaking: Gennady Golovkin and Canelo Alvarez agree to fight September 15 in Las Vegas, says Oscar De La Hoya. pic.twitter.com/77nCidOfLa
— SportsCenter (@SportsCenter) June 13, 2018
„Се надевам дека Алварез нема да бега и ќе го направи овој меч што и го вети на публиката. Головкин знае како да се бори. Ќе напаѓа. Ако Алварез се држи до ветувањето, тогаш тој ќе биде нокаутиран. Се надевам заради навивачите дека ќе добиеме незаборавна класичен двобој кој ќе го паметат луѓето“.
.