Тренерот на Френсис Нгану гарантира нокаут над Ентони Џошуа

Неверојатната сила на Френсис Нгану го исплаши Тајсон Фјури и неговиот тренер е уверен дека може да го запре Ентони Џошуа.

Тренерот Дивеј Купер предвидува победа со нокаут овој петок за Нгану, кој се соочува со боксерската ѕвезда во тешка категорија Ентони Џошуа во Ријад, Саудиска Арабија. Ова ќе биде само втор боксерски меч за поранешниот шампион на УФЦ и актуелен ПФЛ борец.

Нгану загуби со поделена одлука од Фјури, но го постигна единствениот нокдаун на мечот во 3. рунда, моментпо кој светот на боречките спортови го зафати лудило. Ако го има истиот успех со неговите силни удари против Џошуа, Купер очекува борбата да биде завршена.

„Тајсон Фјури падна, но тој е горе“, рече Купер на ММА час споредувајќи издржливоста на Фјури и Џошуа. „Тој беше соборен во многу борби, дури и неколку пати, но станува и продолжува да се бори. Не можеме да го кажеме истото за Џошуа. Значи, тоа е само основна математика. Аритметички, би требало да се каже дека Тајсон Фјури дефинитивно е поиздржлив, ако не и со подобрата брада“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON