Тренерот на Фергусон: Хабиб е за нас најлошото можно сценарио!

Еди Браво, џиу-џицу тренерот на американскиот ММА-борец Тони Фергусон, вели дека тие одамна се подготвуваат за Хабиб Нурмагомедов.

„Ние одамна се подготвуваме за Хабиб. Секогаш се подготвуваме за најлошото можно сценарио, а Хабиб е токму тоа“.

Еди Браво смета дека Хабиб е веројатно најдобриот ММА-борец во историјата на спортот. „Тоа е најголемиот предизвик за нас“, ги наведува неговите зборови MMA Junkie.

Хабиб Нурмагомедов ќе ја брани титулата во лесна категорија на 18 април во Бруклин, Њујорк. Хабиб има 28 победи и ниту еден пораз во УФЦ, додека 35-годишниот Фергусон има 25 победи и 3 порази.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON