Тренерот на Дијаз, Цезар Грејси: Нејт може да пронајде начин да стигне до победа

Хамзат Чимаев е голем фаворит во пресметката со Нејт Дијаз. Нивната борба на 10 септември е водечка на настанот УФЦ 279 и ќе биде последното појавување на Нејт во најголемата светска ММА организација.

Непоразениот 28-годишен шведско-чеченски борец има 11 победи во кариерата, а последните пет беа во УФЦ.

Борз е девет години помлад од Дијаз, кој зад себе има богато борбено искуство, во кариерата забележа 20 победи, а има и 13 порази, ги загуби последните два меча.

Откако го победи Ентони Петтис, загуби од Хорхе Масвидал и Леон Едвардс.

Додека повеќемина мислат дека на Чимаев ќе му биде лесно, тренерот на Дијаз, Цезар Грејси, смета дека Нејт има шанса.

„Хамзат би можел да биде под притисок,  бидејќи сака што побрзо да ја заврши борбата. Ако се постави така, ќе му користи на Нејт, кој треба да ја продолжи борбата“, рече тренерот Цезар Грејси и продолжи:

„Нејт секогаш е во форма. Има предности во борбата на нозе, а ако завршат на партер, верувам дека Нејт е подобар граплер. Но, противникот е млад и многу силен борец. Ќе биде тежок натпревар, но има неколку начини да се победи“.

Тренерот на Дијаз признава дека сакал Нејт да се бори со Мајкл Чендлер кој бил подготвен да се искачи во полусредна категорија. А Нејт, од друга страна, сакаше да се бори со Пориер.

„Во УФЦ не сакаат со победа да ја напуштите промоцијата. Ќе бидат сигурни дека нема да им помогнете на другите организации. Имаше толку многу добри натпревари за Дијаз, но УФЦ го одби секој наш предлог“, изјави Цезар Грејси.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON