Шамил Алибатиров, главниот тренер на клубот Горец, каде тренира Магомед Анкалаев, не е задоволен од резултатот од последната битка.
Изминатиов викенд Анкалаев ги одмери силите против Јан Блахович. Тие се бореа за празната титула во полутешка категорија. Нивната борба беше насловна на УФЦ 282 која се одржа во Лас Вегас. Магомед доминираше во последните 2 рунди и забележа над 11 минути контрола, но судиите сепак досудија нерешено.
Сега титулата останува празна, а за неа во јануари ќе се борат Гловер Тешеира и Џамал Хил.
„Гледате и самите, насекаде пишуваат дека Анкалаев бил ограбен. Не знам по кој критериум судат судиите. Мислам дека Блахович да беше на местото на Анкалаев ќе му ја дадеа победата.
Ако Анкалаев добие реванш со Блахович, најверојатно нема да може да му се одземе титула по оваа борба. Ако Тешеира ненадејно го освои појасот и Прохаска се опорави, тие можат да им наредат борба.
Но, ако наеднаш му се одложи рехабилитацијата, тогаш, мислам, по реваншот меѓу Анкалаев и Блахович, победникот ќе се бори за појасот. Мислам дека одлуката не е намерна.
Не би се расправал, но можеш да го земеш и Петар Јан како пример. Нема да кажам точно за последната борба, но пред тоа имаше борби каде што секогаш беше оштетен. Можеби не сакаат многу појаси во Русија.
Не знам што ги одбива. Анкалаев не сака многу да зборува, но неговите борби не се здодевни. Има многу спектакуларни битки. Блахович со рака покажа дека Анкалаев победил.
Борецот го вложува својот живот, младоста, здравјето, трпението, а судиите едноставно седат на страна. Пишуваат поени и така се решава судбината“, изјави Алибатиров.
Очигледно ќе гледаме реванш меѓу двајцата, а победникот ќе се бори за појасот кон крајот на следната година.